Saturday, September 17, 2011

Bela noc


Yep, to je ona noc kad sve radi 24 h :)
Ovako je izgledalo 2006 g

Ovako 2007 g.

A ovako 2008
Godine 2009 svirali su Darkwood-i al ja nistam bila tu ..smrc..a 2010 sam preskocila je je program bio bljak.

Program za ovu godinu

bela-nokj-2011-programa
ПРОГРАМА:

“ЦВЕТОВИ ВЕТЕРНИЦИ” 
(Камени мост / 19:00)
Осмолисни ветерници во форма на цветови поставени долж Kамениот мост, проект на архитектот Крсте. С. Џидров

CINE CITY

(Градски Парк / 20:00)

ноќно кино под отворено небо на огромно платно (15 x 10м)
Филмски маратон
За љубителите на филмот, селекција на најдобрите европски филмови прикажани на минатогодишниот фестивал на европски филм СИНЕДЕЈС 2010:
Кавасаки Рози (драма, Чешка) 20:00
Режија: Јан Хребејк
Улоги: Ленка Власакова, Милан Микулцик,Мартин Хуба
Тилва Рош (драма, Србија) 21:30
Режија: Никола Лезаиќ
Улоги: Марко Тодоровиќ, Стефан Ѓорѓевиќ, Дуња Ковачевиќ
Ај Лав Ју (комедија, Турција) 23:00
Режија: Сермијан Мидјат
Улоги: Фадик Севин Атасој, Сермијан Мидјат, Кејт Гил
Ќе сретнеш висок згоден странец (комедија/романтика, САД) 00:30
Режија: Вуди Ален
Улоги: Ентони Хопкинс, Наоми Вотс, Џош Бролин
Мисија Лондон (комедија, Бугарија) 01:00
Режија: Димитар Митковски
Улоги: Томас Арана, Алан Форд, Ралф Браун

КИНО МИЛЕНИУМ / КИНО ФРОСИНА

(Кино Милениум, Кино Фросина / 12:00)

24 ЧАСА БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ НА ФИЛМСКИTE МАРАТОНИ
Филмски маратон
Прикажување на најголемите светски филмски мегахитови како и најдобрите европски филмски остварувања од изминатиот репертоар на градското кино Милениум како и единственото арт кино Фросина.
Филмови на репертоар во кино Милениум:
Коли – 2 12:00
Механичарот 14:00
Ученикот на Волшебникот 16:00
Мармадјук 18:00
Лошата учителка 20:00
Хана 22:00
Јас сум бројот 4 00:30
Вонредни мерки 03:00
А –Тимот 05:30
Хана 08:00
Коли – 2 10:30
Филмови на репертоар во кино Фросина:
Имагинариумот на доктор Парнасус 12:00
Авантуристи 14:30
Концертот 17:00
Перси Џексон и Олимпијците – Крадецот на громот 19:30
Свештеникот 22:00
Битка – Лос Анѓелес 00:00
Гуливеровите патувања 02:30
Што уште сакам 04:30
Влез во празнина 06:30
Салт 09:30
Самотијата на простите броеви 11:30
Доколку ненамерно сте ги пропуштиле, повелете на филм! Влезот е слободен.

“У ЛИЧНА АЗБУКА” – инсталација

(Ширум градот, во текот на целиот ден)

Проект на уметничката група IDДИ на Искра Андреева и Данило Мандиќ
„У лична азбука“ – инсталација во урбан простор. Првенствено, улична азбука претставува азбука која се наоѓа на улиците, па така, 31 буквa од македонската кирилична азбука ќе бидат испишани на улица, тротоар или некој „градски ѕид“ во централното градско подрачје. Проектот е дискретно, лично писание на авторите, кои инспирирани од “Бушавата азбука” се обидуваат да ги означат точките во Градот, врзани со нивните лични искуства, чувства, меморија, носталгични моменти… за тие локации или за одредени зборови, што е всушност и второто значење содржано во името на овој проект.

STREET MUSIC SESSION 

(Ширум градот, во текот на целиот ден.)
во соработка со Универзалната сала
Градските улични музичари во целовечерна музичка сесија ширум градот.

“МИЛОНГА ВЕЧЕР”

(Плато пред стоковна куќа “Мост” / 20:00)

Отворен простор за дружење и танцување на сите страстни вљубеници на аргентинското танго во соработка со неформалната групација Танго Банда.

TODAY’S FASHION

(Музеј на Град Скопје / 20:00)

Видео и видео арт, концерти и диџеј настапи, цртеж, графички дизајн, филм, фотографија… Ноќ за запознавање со современата македонска уметничка сцена.

COUNTER PHOTOGRAPHY

(Музеј на Град Скопје / 20:00)

Јапонските уметници денес
Желбата да се долови светот невидлив за човековите очи – светот на духот. Традиционалниот јапонски пристап кон животот изразен преку изложба на фотографии на единаесетмина современи јапонски уметници.

“МОЈОТ ГРАД, МОЈА СЦЕНА”

(Улица Македонија / 18:00)

Проект во соработка со Центарот за драмски уметности Т-Хаус
Изложба на постери изработени по селектирани фотографии од конкурсот “МОЈОТ ГРАД, МОЈА СЦЕНА”

“SILICON CARNE” (Дижон) / “ ФОНИЈА” (Скопје) / “THE GLASSES” (Приштина)

(Кул парк пред КИЦ / 21:00)

Концерт на современа етно, џез,рок, инди…музика.

“507 375 153”

(Ла Кања (Чаршија) / 20:00)

Видео арт презентација Јаш Домиж (Чешка)

“BORN WITHOUT A REASON”

(Ла Кања (Чаршија) / 20:00)

Видео арт презентација Милица Ракиќ (Србија)

“ЈУЛИЈА”

(Плато зад спомен куќата на Мајка Тереза / 20:00)

Театарски танц перформанс (Музеј Љубљана) инспириран од делото на Август Стриндберг “Госпоѓица Јулија”

КЦ КреАКТИВ (20:00)

Изложба на фотографии, проекции на музички концерти, светлосни графити…

НОЌНА ТУРИСТИЧКА ВЕЛОСИПЕДСКА ПРОШЕТКА

Место на поаѓање – градски Плоштад Македонија. 18:00

Организирана велосипедска туристичка обиколка на културно историските знаменитости во Градот, со официјален туристички водич.

“СЕМЕ”

(Галерија 8, (Чаршија) / 21:00)

Театарска претстава посветена на најмладата публика во изведба на театарска трупа “Сенки и Облаци”.

МОФ Радио

(Школка, Градски Парк / 22:00)

Целовечерна диџеј програма на независниот интеренет радио МОФ.
22:00 – 00:00 Argeadi b2b Tanimed [Beatnex]
00:00 – 01:30 Nerses Malakjan [Fat Beats]
01:30 – 0300 Frosty b2b Satelite [Digital Dance]
03:00 – 04:00 Djantrix [G.E.N.]

“ENCHANTED BIKE”

(Галерија ДЛУМ Дом на Армија)

Изложбата на тема “Опеан Велосипед” на неколку познат реномирани италијански уметници меќу кои Силвија Фосати, Луиџи Бионди, Гидо Дел Фунго, Гидо Палмеро и Летиција Стрињели во чиј фокус се наоѓа велосипедот и имагинацијата поврзана со него. Изложбата доживеа невиден успех во италијанскиот Музеј на Велосипедот,музеј посветен на светските познати велосипедисти како Фаусто Копи, Костанте Џиардењо и Џино Бартали.

“In the name of…”, ” Изгубениот дел од рајот” и “Кога ангелите плачат”

(Културно Информативен Центар – Скопје, Салони Империјал 1 и 2 / 20:00)

Изложба на лик. уметник TARA(von Neudorf) (Романија)
Изложба на лик. уметник Нехат Бекири и изложба на лик уметник Линдита Бекири

LET’S DANCE! 
(МКЦ / 20:00)
Проект во соработка со Tiiiit! Inc Ноќ – посветена на David Bowie
Замислете си кино на отворено во Скопје и како ве разденува гледајќи го Labyrinth. Замислете си журка во Скопје на која сите, ама баш сите играат и која трае цела ноќ, ама баш цела ноќ… и цело време, свири David Bowie. Замислете си бои, сјај, мода, глам шминка и огромна диско топка. Си замисливте? Е па сега отворете очи. Ноќ, целосно посветена на култниот David Bowie.

“СКОПЈЕ ВО СТРИП!”

(МКЦ Галерија / 19:00)

Групна изложба на стрип и илустрација со двочасовна стрип работилница во соработка со Здружение на стрип уметници “Макстрипови”.

“МАГИЈА ЕДЕЛВАЈС”

(Универзална сала / 20:00)

Мини ликовно – театарски преформанс „Средба со уметникот“ и една целовечерна театарска претстава „Магија еделвајс“ во изведба на Театар 007.

ЗОО градина Скопје

Специјална програма за деца и БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ за сите посетители.

“Гусарите од Горномаало”

(Плато пред спомен куќата Мајка Тереза / 19:00)

Театарска претстава посветена на најмладата публика

ЈУ Дом на Културата “Кочо Рацин” (20:30)

Настап на гудачкиот квартет Фор Стринг, настап на студиото за модерен балет Ребис, концерт на етно групата Ајдарет рок концерт и изложба.

Градска библиотека Браќа Миладиновци (20:00)

Доделување на 100 бесплатни едногодишни членски карти,подарок 100 електронски книги, музичко – поетски перформанс со „Филип Стевановски квартет“ и група поети.
Ok, slazem se - ove godine ima sta da se probere..juhu!!
Recimo Tilva Ros, ovaj tango na mostu i David Bowie.. :))

Sve krece oko 20 h pa ko prezivi, pricace :)

1 comment:

  1. Одам задолжително вечер, се надевам ќе стигнам секаде каде што планирам, зашто програмата е супер. :)

    ReplyDelete